НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.
Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето. Во куќата располагаме со еден многу простран дуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.
Дуплекс апартман број 1 (1/4 + 1) – се наоѓа на прв кат. Има пространа голема тераса со страничен убав поглед море. Има одделена посебна голема целосно опремена кујна, сопствен тоалет и малку постар, но сосема пристоен мебел, има 2 одвоени спални соби, во кои има по 2 стандардни кревета со можност да се додаде дополнително легло за дете до 12 год. или креветче за бебе.