39.975705, 22.652554
Неи Пори е приморско место, едно од најпопуларните летувалишта во Грција. Сместен е под планината Олимп, од нашата граница е оддалечен околу 160 км, а до Катерини е 60 км. Во близина на Неи Пори се наоѓа Платамона, а на јужната страна реката Пиниос. Карактеристично за ова место е широката и долга песочна плажа, кристално чисто море, паркови и игралишта за деца. Низ целото место ќе најдете голем број на кафулиња, таверни, ресторани и плоштади. Сето ова го прави Неи Пори идеално место за да го поминете вашиот семеен одмор. Неи Пори е изграден во 1976 година и граден е по урбанистички план, па затоа улиците се широки, а населението во главно се занимава со туризам. Во местото постојат и објекти како што се црква, основно училиште, културен центар, фудбалски игралишта, амбуланта и голем број на апартмани и хотели. Самото место е специфично бидејќи широки улици, големите плоштади и детски игралишта се лоцирани во близина на плажа. Плажата е многу пространа, широка околу 100 метри и долга околу 6 км. Плажата е песочна, со ситен златно-жолт песок, а ист таков е и во вода низ кој постепено се влегува и се доаѓа до длабочината, каде морето е познато по својата чистота и прозирност.
Куќа “Maria Mavridu” се наоѓа во централниот дел на Неи Пори, на околу 140 метри од плажата. Располага со трокреветни и четворокреветни полуапартмани на првиот и вториот кат. Секоја сместувачка единица располага со основно опремена кујна која е во посебна просторија, но не е одвоена со врати, сопствен тоалет, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред (со доплата).
1/3 полуапартман бр. 1, 2, 3 и 5 – прв кат . Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманите располагаат со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.
1/4 полуапартман бр. 4 – прв кат . Располага со француски кревет + 2 стандардни единечни кревети во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманот располага со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.
1/3 полуапартман бр. 6, 7, 8 и 10 – втор кат . Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманите располагаат со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.
1/4 полуапартман бр. 9 – втор кат . Располага со француски кревет + 2 стандардни единечни кревети во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманот располага со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.