Опис
Атрактивното туристичко место Чањ се наоѓа помеѓу Петровец и Сутоморе, го краси пространа песковита плажа долга околу 1100 м. Во непосредна близина се наоѓа познатата Краљичина плажа за која велат дека е бисерот на Јадранот.
Студиа Лара-Лукс **** се наоѓаат во мирниот дел на Чањ на 80м. од плажа, наспроти студиата Лара. Модерно опремени студиа-апартмани (1/2, 1/3, 1/4) располагаат со комплетно опремена мини кујна, фрижидер, ТВ-сателитска програма, Wi-Fi, сопствен тоалет (со фен и пешкири), тераса, клима. Oбјектот има лифт, како и отворен базен со лежалки и чадори кои се гратис за гостите во објектот. Во склоп на објектот има рецепција, аптека и супермаркет. Исхраната е во ресторанот Лара***. За моменти на опуштање со кафе и пијалок, непосредно до ресторанот се наоѓа летната градина со мала игротека за деца (тобогани, лулашки, клацкалки и други реквизити). Обезбеден бесплатен паркинг во објектот.
Ценовник
| Студио |
Услуга |
01.06-20.06
19.09-30.09 |
21.06-30.06
09.09-18.09 |
01.07-10.07
30.08-08.09
|
11.07- 29.08. |
| 1/2 1/3 1/4 |
Полу пансион |
43€
|
48€
|
53€
|
61€
|
Цените се за полупансион дневно ( појадок-вечера) на база шведска маса, услугата почнува со вечера, а завршува со појадок.
Услови и напомени
-Вклучено во цената: клима,кабелска,ТВ,Wi-FI , паркинг и базен со лежалки и чадори -Туристичката такса и осигурување се наплатува на рецепција (возрасни-1.50 €, деца од 12-18 години-1.00€ ,деца од 2-12 години -0,50 € )
-Влегувањето во студиата е од 14.00ч. напуштањето е во 09.00ч.
Попусти:
–деца до 3 години бесплатно на заедничко легло ,без храна
-деца од 03-10 години на заедничко легло-плаќаат 50% од цената
-деца од 03-12 години на сопствено легло-плаќаат 70% од цената
-дете до 12 години со еден возрасен во 1/2 студио, плаќа 80% од цената.
-Бебешко креветче, може да се резервира на рецепција (бесплатно)
-Доплата за ручек:10евра за возрасни, 7евра за деца од 3-10 години- по лице дневно (A la Carte)
– Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден