БАРСЕЛОНА, ШПАНИЈА

8ми Март во Барселона

06.03 – 09.03.2027     ✈  Авион     •  Групна тура 399 € по лице
Категорија

Опис

За патувањето

Барселона е бисер на Медитеранот – град полн со уметност, култура и космополитска енергија. Во март ја облекува својата пролетна свежина, совршена за осмомартовско патување, girls’ getaway или викенд посветен на себе. Пријатните температури, сонцето и живописните улички создаваат идеален амбиент за прошетки, шопинг и уживање без сезонски гужви.

Од готските улички и модернистичките ремек-дела на Гауди, до квартовите Ел Борн, Грасиа и Еиксампле – Барселона нуди вистинска медитеранска магија. Саграда Фамилија, Парк Гуел и Каса Батљо блескаат под пролетната светлина, а прошетките по Ла Рамбла или покрај Барселонета откриваат совршена комбинација од градска енергија и морски спокој.

Март е одличен момент да се ужива во каталонската гастрономија – тапаси, локални вина, десерти и модерни foodie барови што се совршени за 8 Март прослави.

Ценовник

Датуми, цена и вклучени услуги

Датум 06.03 – 09.03.2027
Цена 399 € по лице

80 € за деца до 1.99 години

Во цената е вклучено

✓  Повратен авионски лет од Скопје

✓  Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm

✓  Аеродромски такси

✓  3 ноќевања со појадок во хотел Front Maritim 4*

✓  Трансфер аеродром – хотел – аеродром

✓  Придружник од агенција и локален водич

Во цената не е вклучено

✗  Туристичка такса

✗  Факултативни излети

✗  Патничко осигурување

✗  Локален транспорт: метро или автобуски билети

✗  Доплата за еднокреветна соба 56 € на ден

Програма

06.03.2027

  • Полетување од Скопје во 12:35 часот, пристигнување на аеродромот Ел Прат во 15:30 часот.
  • Организиран трансфер до хотелот и сместување.
  • Слободно време или факултативни посети: Парк Тибидабо, Парк Циутадела, Камп Ноу (однадвор), Магичните фонтани. Ноќевање.

07.03.2027

  • Појадок.
  • Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич: Саграда Фамилија, Катедралата, Плоштад Каталуња, Ла Рамбла и Монжуик.
  • Факултативна посета на Аквариум Барселона, препорака за тапаси и слободно време за шопинг. Опционално фламенко шоу. Ноќевање.

08.03.2027

  • Појадок.
  • Слободно време или факултативни посети: Готска четврт (El Gòtic) и Парк Гуел.
  • Препорака за тапас доживување во локален ресторан. Ноќевање.

09.03.2027

  • Појадок и одјава. Плажата Ла Барселонета.
  • Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16:00 часот, пристигнување во Скопје во 18:45 часот.

Факултативни излети

Барселона Панорамика   65 € (деца до 12: 35 €)

Целодневен излет – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди. Тргнување во утринските часови со автобус од хотелот.

Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера. И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на хотелот.

Цена на излетот: 65 €. Деца до 12 години: 35 €.

Готска Четврт   35 € (деца 2–12: 20 €)

Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.

Аквариум Барселона   35 € (деца 2–10: 30 €)

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој аквариум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Посета на Парк Гуел   23 €

Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.

Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.

Пешачка тура низ Барселона   15 €

Camp Nou – Arc de Triomf – Parc de la Ciutadella – La Barceloneta.

Вечерна фламенко програма   зависи од бројот на заинтересирани

Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!

Музеј Дали + Гирона   85 € (деца до 12: 45 €)

Тргнување во утринските часови од хотелот.

Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија. Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелот во вечерните часови.

Гирона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стар кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

Цена на излетот: 85 €. Деца до 12 години: 45 €. Времетраење: 7 часа.

Дополнителни информации

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
  • Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.