ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА

Велигден во Париз и Дизниленд

01.05 – 04.05.2027     ✈  Авион     •  Групна тура од 499 € по лице
Категорија

Опис

За патувањето

Париз – градот на светлината, љубовта и безвременската елеганција. Пролетта е во полн сјај, а градот живее со боја, светлина и радост. Деновите се подолги, парковите цветаат, а Париз зрачи со ведрина и романтика, без летната гужва.

Прошетајте низ уметничките квартови, уживајте во погледите од Монмартр, посетете ги Ајфеловата кула и Нотр Дам или релаксирајте во градините на Луксембург и Тјуилри, каде цвеќето и зеленилото создаваат сцени како од разгледница.

За семејствата, Дизниленд е одличен избор – временските услови се совршени за целодневни авантури, а празничниот дух создава уште поголема магија за малите и големите посетители.

Ценовник

Датуми, цена и вклучени услуги

Датум 01.05 – 04.05.2027
Цена од 499 € по лице

499 € за возрасно лице (без Дизниленд влезница)

459 € за дете од 2 – 11.99 години (без Дизниленд влезница)

619 € за возрасно лице (со Дизниленд влезница)

579 € за дете од 2 – 11.99 години (со Дизниленд влезница)

80 € за деца до 1.99 години

Во цената е вклучено

✓  Повратен авионски билет

✓  3 ноќевања со појадок во хотел Novotel Bagnolet Est 4*

✓  Аеродромски такси

✓  Трансфери аеродром – хотел – аеродром

✓  Придружник од агенција / локален водич

✓  Влезница за двата парка на Дизниленд (за оние кои го изберат тој пакет)

Во цената не е вклучено

✗  Туристичка такса – 8.45 € по лице, по ноќ

✗  Факултативни екскурзии и влезници

✗  Патничко осигурување

✗  Локален превоз: билети за метро или автобус

✗  Трансфер до Дизниленд

Програма

01.05.2027

  • Собир со групата во 10:00 часот. Полетување од Скопје во 12:20 часот, пристигнување во Париз во 15:20 часот.
  • Трансфер до хотелот. Прошетка низ Монмартр, посета на базиликата Sacré-Cœur и фото пауза пред Moulin Rouge.
  • Опционално: Ајфеловата кула – фото пауза и искачување. Ноќевање.

02.05.2027

  • Појадок. Факултативна пешачка тура со водич: Нотр Дам, Лувр (факултативно) или алтернатива – стаклената пирамида, Cour Napoléon и градините Tuileries.
  • Le Marais, Champs-Élysées и факултативно крстарење по Сена со спектакуларните светла на Ајфеловата кула. Ноќевање.

03.05.2027

  • Појадок. Факултативен целодневен излет до Дизниленд Парк.
  • За останатите: музеите Орсе и Помпиду, шопинг во Le Marais, кафулиња и слободно време. Ноќевање.

04.05.2027

  • Утринска прошетка низ Луксембуршките градини и Фонтаната Медичи.
  • Трансфер до аеродромот. Полетување од Париз во 15:55 часот, пристигнување во Скопје во 18:40 часот.

Факултативни излети

Пешачки разглед на Париз со водич   40 €

Авантура во градот на светлината! Париз – со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости е еден од најкомплетните градови на светот. На ова патување ќе го доживеете Париз како локалец. Нашиот тим ќе ве однесе на најпознатите места, во скриени локални ресторани каде ќе може да го вкусите најдоброто вино и сирење и ќе ви ја открие убавината на францускиот начин на живеење. По сè ова, просто е невозможно да не се заљубите во овој град.

Влезница за Музеј Лувр   35 € (до 18 год.: 15 €)

Лувр е еден од најпознатите музеи во светот, сместен во Париз, Франција. Некогашна кралска палата, денес се гордее со богата колекција на уметнички дела, вклучувајќи ремек-дела како што се „Мона Лиза“ и „Венера од Милос“. Неговата монументална стаклена пирамида на влезот стана симбол на модерниот Лувр. Со милиони посетители годишно, Лувр не само што го чува уметничкото наследство, туку и нуди увид во историјата на уметноста низ вековите.

Влезница за Дворец Версај   65 € (3–11 год.: 40 €)

Дворецот Версај е едно од најимпресивните и најзначајните архитектонски остварувања во светот. Изградбата почнала во 1661 година под покровителство на кралот Луј XIV, кој го користел како резиденција и симбол на неговата моќ. Дворецот е познат по своите раскошни соби, украсени со златни детали и уметнички дела, како и по прекрасните градини кои го опкружуваат.

Градините на Версај, дизајнирани од познатиот уметник Андре Ленотр, се во стил на француска барокна уметност и вклучуваат фонтани, статуи и уредени алеи. Дворецот и неговите градини привлекуваат милиони посетители секоја година, нудејќи им уникатно искуство на историјата и уметноста.

Крстарење по Сена со брод (1 час)   25 € (3–11 год.: 20 €)

Реката Сена е една од најзначајните природни атракции во Париз и игра важна улога во историјата и културата на градот. Со должина од околу 777 километри, Сена тече низ срцето на Париз, разделувајќи го градот на левиот и десниот брег.

Сена е популарна дестинација за бродски тури, кои овозможуваат уникатен поглед на градот од водата. Овие тури често се особено спектакуларни навечер, кога знаменитостите се осветлени.

Посета на Дизниленд   пакет со влезница: 619 € / 579 € (дете)

Дојдете и уживајте во магичната бајка каде ќе имате можност да ги запознаете историските Mickey & Minnie Mouse, да појдете на кафе со Снежана, Ариел, Елза и Ана, да се поздравите со Аладин, да уживате и танцувате на невероватната парада со сите Дизни ликови. Едноставно, авантурата во Дизниленд започнува уште пред да влезете во паркот. Магично несекојдневно искуство за целото семејство!

Целодневна индивидуална посета: возење на легендарниот Space Mountain, средба со Дизни ликовите низ улиците на паркот и вечерен спектакл со огномет и светлосни ефекти.

Дополнителни информации

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
  • Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.