Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Billys” се наоѓа на идеална локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со два апартмани. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.
Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од голема тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со малку постар, но квалитетен мебел, сопствен тоалет, кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.