Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Алекс – Ксамил


20% попуст за резервација до 31.12.2024 и целосна уплата до 31.01.2025
15% попуст за резервација до 31.01.2025 и целосна уплата до 28.02.2025
10% попуст за резервација до 28.02.2025 и целосна уплата до 31.03.2025
05% попуст за резервација до 30.04.2025 и целосна уплата до 30.05.2025

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Ценовник

20% попуст за резервација до 31.12.2024 и целосна уплата до 31.01.2025
15% попуст за резервација до 31.01.2025 и целосна уплата до 28.02.2025
10% попуст за резервација до 28.02.2025 и целосна уплата до 31.03.2025
05% попуст за резервација до 30.04.2025 и целосна уплата до 30.05.2025

МИНИМУМ УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА 30% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО ОДРЕДЕНИОТ ДАТУМ

ВИЛА АЛЕКС
Термин Ноќевања 1/3 студио 1/3 студио SV 1/3+1 приземје
31.05 – 07.06 7 99 109 109
07.06 – 14.06 7 159 179 179
14.06 – 21.06 7 239 259 259
21.06 – 28.06 7 279 289 289
28.06 – 05.07 7 349 359 359
05.07 – 12.07 7 389 399 399
12.07 – 19.07 7 419 429 429
19.07 – 26.07 7 419 429 429
26.07 – 02.08 7 419 429 429
02.08 – 09.08 7 419 429 429
09.08 – 16.08 7 419 429 429
16.08 – 23.08 7 389 399 399
23.08 – 30.08 7 349 359 359
30.08 – 06.09 7 279 289 289
06.09 – 13.09 7 219 239 239
13.09 – 20.09 7 129 149 149
20.09 – 27.09 7 109 119 119

Опис на сместувањето

Студио 1 – 1/3 студио на прв спрат со страничен поглед на море

    • Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, страничен поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • Студио 2 – 1/3 – Студио на прв спрат со поглед на море
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • Студио 3 – 1/3 – Студио на прв спрат со поглед на море
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • Студио 4 – 1/3 студио на прв спрат со страничен поглед на море
    • Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, страничен поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • Студио 5 – 1/3+1 – Студио на приземје
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни  + 1 дете до 11,99  + 1 дете до 5,99 години.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:

  • Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) –  85€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 70€ по лице
    • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:

  • Битола (Транскоп) – 60€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – 60€ по лице
  • Струга (Хотел Дрим) – 70€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – 70€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) – 70€ по лице
    • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:

  • 00:00 h – Скопје – (Дрводекор)
  • 00:45 h – Велес – (Мотел Македонија)
  • 00:00 h – Штип – (Нова Пошта)
  • 01:30 h – Дреново – ( бензиска пумпа)
  • 02:20 h – Прилеп – ( Бензиска пумпа Лук Оил На излезот за Скопје)
  • 03.00 h – Битола – (Транскоп на перон)
  • 02:00 h – Ресен (спроти автобуска станица)
  • 01.30 h – Охрид– (бензиска Пумпа Лук Оил наизлезот кон Битола)
  • 01:15 h – Струга – (пред Х.Дрим)

Услови и напомени

  • Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach по цена од 8 евра за две лежалки и чадор на ден.
  • ВАЖНО! НЕМА МОЖНОСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ЛЕГЛО ВО СТУДИЈАТА!
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.
Лето 2025