Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со опремена кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.
Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 6 (1/3+1)– прв кат, простран апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со постар мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.