Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Tzouli 2” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел. Куќата располага со студио и апартман (од кои апартманот е во понуда). Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата.
Апартман број 2 (1/4+1) – апартманот се наоѓа на прв кат, истиот има влез од надвор. Има пространа голема тераса со лимитиран поглед море. Има голема дневна со целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, брачен кревет во спална и 2 софи на извлекување со кујна.Се препорачува за семејства со деца.