Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Lena – Неа Рода


Вилата Lena е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека…

Ценовник

Вила „Lena” – Нea Рода
Термин: Ноќи: 1/2 студио (двор) 1/2 студио 1/4 апартман 1/5 апартман 1/5 апартман (море)
24.05-29.05.2023 5 120  € (7.440) 150  €  (9.300) 200  € (12.400) 220  € (13.640) 250  € (15.500)
29.05-05.06.2023 7 180  € (11.160) 220  €  13.640) 280  € (17.360) 320  € (19.840) 350  € (21.700)
05.06-15.06.2023 10 300  € (18.600) 350  € (21.700) 450  € (27.900) 500  € (31.000) 550  € (34.100)
15.06-25.06.2023 10 350  € (21.700) 400  € (24.800) 500  € (31.000) 550  € (34.100) 600  € (37.200)
25.06-05.07.2023 10 400  € (24.800) 450  € (27.900) 550  € (34.100) 600  € (37.200) 650  € (40.300)
05.07-15.07.2023 10 450  € (27.900) 500  € (31.000) 600  € (37.200) 650  € (40.300) 700  € (43.400)
15.07-25.07.2023 10 500  € (31.000) 550  € (34.100) 650  € (40.300) 700  € (43.400) 750  € (46.500)
25.07-04.08.2023 10 500  € (31.000) 550  € (34.100) 650  € (40.300) 700  € (43.400) 750  € (46.500)
04.08-14.08.2023 10 500  € (31.000) 550  € (34.100) 650  € (40.300) 700  € (43.400) 750  € (46.500)
14.08-24.08.2023 10 500  € (31.000) 550  € (34.100) 650  € (40.300) 700  € (43.400) 750  € (46.500)
24.08-31.08.2023 7 300  € (18.600) 350  € (21.700) 400  € (24.800) 450  € (27.900) 500  € (31.000)
31.08-07.09.2023 7 250  € (15.500) 300  € (18.600) 350  € (21.700) 400  € (24.800) 450  € (27.900)
07.09-14.09.2023 7 220  € (13.640) 250  € (15.500) 300  € (18.600) 350  € (21.700) 400  € (24.800)
14.09-21.09.2023 7 200  € (12.400) 220  € (13.640) 280  € (17.360) 320  € (19.840) 350  € (21.700)

Напомени

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз

– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

– Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-35 евра…Цена за билет во еден правец 30 евра; деца од 2-12 години- 25 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата. Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Галерија

Лето 2023