Вила Велисариос се наоѓа во Врахос, на помалку од 40 метри од плажа (втор ред). Објектот е опкружен со зеленило, цвеќиња и дрвја – идеален за мирен и релаксирачки одмор.
Содржина на студијата:
- Мини кујна со основен прибор за готвење и јадење
- ТВ
- Сопствен тоалет со туш
- Тераса
- Интернет
- Клима (6€ на ден – се плаќа на лице место)
Типови на соби и капацитет
- Двокреветни студија – бр.3, 4, 5, 6 7 со две единечни легла + едно легло на расклопување (фотелја), погодни за 2 возрасни + 1 дете до 12 години
- Трокреветни студија –бр.9, 10, 11, 12, 13, 14, 15 со еден двоен + единечен кревет, погодни за 3 возрасни лица
Забелешка: Во двокреветните студија не е дозволено сместување на повеќе од 3 лица.
Промо термини
- Првите два и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете
- Понудата важи за ограничен број соби во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
- За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот













