Опис
Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.
ОПИС:
С-АПАРТМАН Високо приземје, на 200 м. од шеталиштето на Ханиоти и на 350 м. од плажа. се наоѓа во близина на вториот влез во Ханиоти, пред бензинската пумпа Kaoil. Прекрасната песочната плажа е оддалечена на околу на 350 м . Апартманот е реновиран во 2022 г. капацитетот на сместување е до 5 возрасни лица.
Апартман со спална соба , детска соба со два одделни кревети и дневна/кујна со лежај на спуштање. Опремен е со кујна, основни елементи и прибор за готвење и ручање, шпорет со рерна, голем фрижидер, ново купатило, голема поврзана тераса околу цел апартман, wi-fi, клима.
1/4+1 апартман -две спални соби (француски лежај + два единечни кревети ), + единечен кревет на спуштање во дневната
Гостите се сместуваат во исчистени соби, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
GPS: 39.9984488,23.573658
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на апартманот се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Апартманот не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.







