Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила “BLUE DREAM” – Калитеа


Бесплатно сместување за: 3-то |  4-то и 5-то лице во Апартман

10% попуст за целосна уплата до 01.03.25

Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и   интернет – БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.  Вилата е со одличен квалитет на сместување.Ви посакуваме пријатен престој.

Ценовник

“Blue Dream”
Kалитеа
термин  МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
24 31 07 14 21 28 05 12 19 26 02 09 16 23 30 06 13  20 
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7  * 7  * 7  * 7  * 7  * 7 * 7 * 7 7 7 7
Aпартман /2+2/ 115 145 175 215 265 530 580 650 690 690 690 690 650 600 265 225 175 125
Aпартман /3+2/ 115 145 185 225 275 560   610 690 760 760 760 760 700 630 285 235 185 125
опис на ценовникот по лице со превоз цени за наем на цел апартман по лице со превоз

Услови и напомени

Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

–  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата.

–  Клима – БЕПЛАТНА!!

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Лето 2025