Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Апармани Mедитеран – Неа Модања


Бесплатно сместување за 3то и  4то лице во АПТ со една спална

7% попуст за уплата до 01.03.25

Апартмани “Mediteran” се наоѓаат на 50m од плажа/море во крајниот дел на Неа Модања, кадешто е најубавата плажа на Модања (широка плажа – ситен песок – бистра вода),  и околу 400м од центарот. Вилата има голем двор со многу зеленило. Апартманите се на II кат и имат поглед на море. Распоредот е следен: дневна соба со поглед кон море / кујна со шанк, кауч на спуштање за две лица, спална соба со брачен кревет за две лица, купатило, голема аголна тераса со поглед кон море на која се излегува од двете соби. Апартманите се  опремени со: голема кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (вклучена во цената), како и бесплатен  интернет. Од дворот на вилата се излегува на плажа (најубавата плажа во Неа Модања со ситен песок, на која што има лежалки и простор за сопствен чадор и лежалки.  Апартманите се наоѓаат  на II кат.

Ценовник

Mediteran
Неа Модања
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
17 24 31 07 14 21 28 05 12 19 26 02 09 16 23 30 06  13 20
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7
АПТ /2+2/
(со 1 спална)
105 135 165   205 255 295 570 620 670 740 740 740 740 700 660 305 265 215 155
опис на ценовникот по лице со превоз цени за наем на апартман без превоз по лице со превоз

Услови и напомени

Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд;

–  Во термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на апартманите, после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Организиран превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Превозот ги остава/зема патниците пред вилата;

–  Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

 

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

–  Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. (без седиште) – бесплатно;

– Доплата за патничко осигурување.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Лето 2025