Опис
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо
ОПИС:
АПАРТМАН – “БОНАМИ” се наога во Пефкохори, на 160 м одалеченост од морето и од самата пешачката патека (одма позади хотел Филоксенија). Aпартманот се наоѓа во комплекс со апартмани на прв спрат. Наменет е за 5 возрасни или за фамилија со 3 деца. Има две спална една со француски лежај и еден единечен кревет и друга со француски лежај. Дневна со голема кујна опремена со комплет садови за готвење за соодветниот број на гост, шпорет со рамна плоча, голем фрижидер, трпезариска маса, тоалет, ТВ, интернет, клима, wi-fi, сопствена пространа тераса…. Апартманот нема сопствен паркинг….
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени. Апартманот излегува на најширокиот дел од плажата.
1/5 апартман –Наменет е за 5 возрасни или за фамилија со 3 деца. Има две спална една со француски лежај и еден единечен кревет и друга со француски лежај. Дневна со голема кујна.
Гостите се сместуваат во исчистени соби, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Check in: 14:00h. локално време
Check out: 09:00h. локално време
ЛОКАЦИЈА: 39°59’24.7″N 23°36’41.1″E , 39.990203, 23.611424













