Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Мескини-Полихроно


15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство и деца, покрај кристалното море како и многубројните продавници.

Вила Мескини се наоѓа на 120м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно.

Располага со 7 апартмани, 4 на високо приземје и 3 на прв кат. Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една  спална соба и со еден брачен кревет  и еден единечен кревет, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. И еден апартман е со брачен кревет во спална и кревет на спуштање во кујна,  на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. Користењето на Wi-Fi е вклучено во цена, а клима се доплаќа кај газдите.

Ценовник

ТЕРМИНИ Ноќевања  1/2+1АПП Цена со попуст 1/3+1 АПП Цена со попуст
28.05-04.06.2023 7 175 € 148 185 € 157
04.06-11.06.2023 7 225 € 191 235 € 199
11.06-18.06.2023 7 305 € 259 315 € 268
18.06-25.06.2023 7 335 € 284 345 € 293
25.06-02.07.2023 7 365 € 310 375 € 319
02.07-09.07.2023 7 405 € 344 415 € 353
09.07-16.07.2023 7 455 € 386 465 € 395
16.07-23.07.2023 7 499 € 424 509 € 433
23.07-30.07.2023 7 499 € 424 509 € 433
30.07-06.08.2023 7 499 € 424 509 € 433
06.08-13.08.2023 7 499 € 424 509 € 433
13.08-20.08.2023 7 499 € 424 509 € 433
20.08-27.08.2023 7 435 € 369 445 € 378
27.08-03.09.2023 7 385 € 327 395 € 336€
03.09-10.09.2023 7 335 € 284 345 € 293€
10.09-17.09.2023 7 225 € 191 235 € 199€
17.09-24.09.2023 7 195 € 166 205 € 174€
24.09-01.10.2023 7 135 € 115 145 € 123€

Услови и напомени

Напомена:

*Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;

*Цените се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања;

*Доплата за туристичка такса 0.5еур на ден по апартман (се плаќа во агенција);

*Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);

*Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;

*За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;

*Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;

*Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената;

*Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;

*По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;

*Во цената е вклучено користње на Wi-Fi (организаторот не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот);

*Во цената не вклучено користње на клима, се доплаќа на лице место кај газдите на вилата;

*За ова патување важат Општите услови за патување

Цена на превоз:

Превоз за возрасен 45еур / 35еур во еден правец

Превоз за деца од  2-11.99г. 35Еур / 30 еур во еден правец

Дете до 2год. (без седиште)-Бесплатно

Галерија

Лето 2023