Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно. Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Вила Moustakas се наоѓа во Полихроно на 30м оддалеченост од плажа. Вилата нуди сместување за 3 лица односно трокреветни студиа со 3 легла од кои едното е на расклопување . Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна и прибор во согласност од бројот на легла во собата. Baby cot: на барање. Студиата се на приземје, прв и втор спрат.
Вила Moustakas – Полихроно
Ценовник
термин | 1/3 студио |
31.05-07.06 | 129 |
07.06-14.06 | 169 |
14.06-21.06 | 249 |
21.06-28.06 | 349 |
28.06-05.07 | 379 |
05.07-12.07 | 439 |
12.07-19.07 | 489 |
19.07-26.07 | 540 |
26.07-02.08 | 540 |
02.08-09.08 | 540 |
09.08-16.08 | 540 |
16.08-23.08 | 540 |
23.08-30.08 | 540 |
30.08-06.09 | 450 |
06.09-13.09 | 409 |
13.09-20.09 | 349 |
20.09-27.09 | 249 |
Услови и напомени
Во цената е вклучено:
* Наем на студио за 7 ноќевања
* Интернет во соба
Во цената не е вклучено:
*Користење на клима уред – 7 еур на ден
* Туристичка такса од 14 еур по соба за 7 ноќевања која се плаќа на лице место
*Автобуски превоз
Важно:
Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Чистење на собите и промена на постелнина: еднаш неделно при превземање на собата.
Влегување во собите е после 14 часот локално време / напуштање на собите последниот ден до 10 часот наутро.
Автобуски превоз:
Возрасни: 40е во еден правец, 45е повртен билет
Деца до 12 години: 30е во еден превец, 35е повратен билет
ЗА СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТУЕЛНИ ПОПУСТИ И ПРОМОЦИИ, ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА ВЕБ СТРАНА