Опис
Вила Зафирија се наоѓа во централниот дел на Полихроно до малата црква и наспроти хотел Poseidonio и на околу 120 метри од плажа. Располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и апартмани со 1 спална соба за три и четри лица.
– Двокреветните студија има брачен кревет и се наоѓаат на I кат.
– Трокреветните студија има брачен и единечен кревет и се на II кат.
– Четворокреветното студио е со четри едниечни легла и се наоѓа на приземје.
– Трокреветните апартмани се со две соби: брачен во спалната и единечен во кујната и се наоѓаат на приземје, први и втори кат.
– Четворокреветниот апартман има брачен кревет во спалната и два единечни кревети во кујната и се наоѓа на втори кат.
Сите студија и апармани се комплетно опремени со тоалет, мини кујна, балкон, ТВ, интернет и клима – вклучена во цена. Реновирана во 2019 година. Вилата располага со бесплатен паркинг простор за неколку возила. Промена на постелини на 3 дена, односно два пати за време на престој од една седмица. Ви посакуваме пријатен престој.
Услови напомени и превоз
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување, плаќа само превоз;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел студио / апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд;
- Во студио и апартман со една спална,плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на 300м од вилата на главниот пат кај семафорите;
- Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Доплата за туристичка такса 2€ од апартман од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
| Автобуски превоз ПОЛИХРОНО, според термини од табелата |
Патни Информации |
| Град на поаѓање |
Mесто на поаѓање |
Време на поаѓање |
Скопје – Полихроно (300km) |
| Куманово: |
(бензинска Макпетрол – автопат) |
04:15h |
Скопје – Тесалоники – Халкидики
Автопат (Е75)
Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (380ден)
Патарини во Грција (2.80€) |
| Скопје: |
(пред хотел Континентал) |
05:00h |
| Штип: |
(паркинг пред нова пошта) |
05:00h |
| Велес: |
(бензинска Макоил, мотел Македонија) |
05:45h |
| Неготино: |
(бензинска, Макпетрол) |
06:15h |
| Г.П. Богородица: |
(бензинска, Oкта / Богородица) |
07:00h |
| Поаѓање од Полихроно: |
14:20 по МК време / 15:20 по ГР време (на булеварот кај семафорите) |
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ