Вила Спирос – Аг.Никитас


15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО  31.01.2026, И 100% УПЛАТА ДО 10.02.2026

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО  28.02.2026, И 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026

Опис

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

Студија: 

  • Двокреветно: со еден двоен кревет
  • Трокреветно: со еден двоен кревет и еден единечен кревет

Содржина на студијата:

  • сопствена тераса со гарнитура за седење,
  • сопствен тоалет со туш кабина,
  • сопствена мини кујна со прибор за готвење и јадење,
  • wi-fi, ТВ,
  • Клима (5еур на ден),

Напомена: терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море.  

Капацитетот на собите:

  • во двокреветна соба максимум 2 лица,
  • во трокреветна соба максимум 3 лица + 1дете до 3,99год кое спие со родители.

Ценовник

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО  31.01.2026, И 100% УПЛАТА ДО 10.02.2026

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО  28.02.2026, И 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026

Вила Спирос – Аг.Никитас
Цена за наем на студио за 7 ноќевања
Вила Спирос Ц кат – Агиос Никитас 1/2 студио 1/3 студио напомена
Термин/Услуга 7 наем 7 наем 7 наем
03.06-10.06.2026 129 149 промо
10.06-17.06.2026 209 229 промо
17.06-24.06.2026 299 329  
24.06-01.07.2026 369 399  
01.07-08.07.2026 459 479  
08.07-15.07.2026 499 519  
15.07-22.07.2026 509 559  
22.07-29.07.2026 569 599  
29.07-05.08.2026 569 599  
05.08-12.08.2026 569 599  
12.08-19.08.2026 569 599  
19.08-26.08.2026 569 599  
26.08-02.09.2026 499 539  
02.09-09.09.2026 379 409  
09.09-16.09.2026 249 279 промо
16.09-23.09.2026 209 239 промо
23.09-30.09.2026 139 159 промо

Услови напомени и превоз

  • Промо термини:
    • Првите два и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
  • Важно да знаете:
    • Понудата важи за ограничен број апартмани во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
    • Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
    • Клима со доплата од 5еур на ден.
    • Цените се за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
    • Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
    • Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.

За патници со автобуски превоз:

    • куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
    • доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
    • секој куфер мора да има налепница од водичот

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице
  • -Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • Битола (спортска сала)-60€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице

-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на поаѓање за Лефкада:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола