Вила Атина Студиос е лоцирана во Голден Бич на 70 м. од самата плажа Голден бич. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија (француски лежај и класичен лежај или софа), , опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi – Fi и сопствена тераса со тенди. Вилата располага и со сопствен паркинг и двор за користење на гостите со гарнитура за седење.
Собите се наоѓаат на прв и втор кат и сите се со поглед кон море.
Координати 40º 43′ 53.16″ N 24º 45′ 33.11″ E
Услови и напомени
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО за 7 НОЌЕВАЊА
* уплатите се вршат исклучиво во денари по курс 1 евро = 62 денари
Дополнителни информации
- Доплата за клима – 5 евра по соба на ден (опционално) – се плаќа при пристигнување во објектот
- Доплата за сеф – 3 евра по соба на ден (опционално) – се плаќа во објектот
- Задолжителна туристичка такса (се плаќа во објектот) 2 евра по соба на ден
- За уплата за 2 споени термини се одобрува 10% попуст (попустот не се комбинира со други попусти)
- Во студиата дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, т.е бројот на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со родители.
- Во собите има опремено мини кујна
- Сместувањето во собите е после 14 часот по локално време
- Напуштањето последниот ден е до 09 часот по локално време
- Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнина и пешкири, а за хигиена се грижат самите гости.
- Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на пресотојот.
- Доплата за автобуски превоз (со вклучена карта за траект):
Возрасни: 80 евра
Деца од 2 – 12 години: 65 евра
Деца од 0 – 2 години: БЕСПЛАТНО (не користат седиште во автобус)
- Трансферот од пристаништето во Лименас до Голден Бич е околу 30 минути
- Автобусот ги носи патниците до најблиската точка до вилата каде може да се застане со автобус
- Агенцијата не одговара за квалитетот и брзината на интернет конекцијата во вилата
Минимум уплата за резервација – 30% неповратен депозит.
Поаѓање од:
- Скопје – 01: 00ч. Паркингот кај спортска сала Борис Трајковски
- Велес – 01:45ч Бензинска пумпа кај Мотел Македонија
- Неготино – 02:15ч Макпетрол бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
- Смоквица – 02:45ч Шел бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
- Гевгелија – 03:00ч Шимов, бензинска пумпа пред граница
Поаѓања од Тасос
- Вила Елени, Потос 13: 00ч. (локално време)
- Вила Пенелопе, Скала Потамиа 09 :30ч. (локално време)
• Вила Атина, Голден Бич 09:15 ч. (локално време)