Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Mersinis – Неос Мармарас


Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила „Mersinis“ е лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас – Ситонија, во непосредна близина на кампот „Castello“, на само 150 метри од плажа и на 2 км од „Lagomandra Beach“. Вилата располага со шест апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или улица. Сите се опремени со ТВ, клима, Wi-fi. 

Ценовник

Период 1/4 app
R.O
1/4+1app
R.O
25.05.2025
7 ноќи
17360 21080
01.06.2025
7 ноќи
21700 24800
08.06.2025
7 ноќи
26040 29760
15.06.2025
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 31620
22.06.2025
7 ноќи
32860 35340
29.06.2025
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 37200
06.07.2025
7 ноќи
37200 40300
13.07.2025
7 ноќи
41540 46500
20.07.2025
7 ноќи
ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО
27.07.2025
7 ноќи
ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО
03.08.2025
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 46500
10.08.2025
7 ноќи
41540 46500
17.08.2025
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 46500
24.08.2025
7 ноќи
35340 40920
31.08.2025
7 ноќи
27900 31620
07.09.2025
7 ноќи
24800 27900
14.09.2025
7 ноќи
21700 24800
21.09.2025
7 ноќи
17360 21080

 

Апартмани

АПАРТМАН бр.1: 1/4 ПРИЗЕМЈЕ

Апартман на приземје. Во првата просторија има два единечни кревети и кујна со трпезарија. Во втората просторија има брачен кревет.

АПАРТМАН бр.2: 1/4+1 ПРИЗЕМЈЕ

Апартман на приземје. Во првата просторија има два единечни кревети, дополнителен кревет и кујна со трпезарија. Во втората просторија има брачен кревет.

АПАРТМАН бр.3: 1/4 ПРВ КАТ

Апартман на прв спрат.Во првата просторија има два единечни кревети и кујна со трпезарија. Во втората просторија има брачен кревет.

АПАРТМАН бр.4: 1/4+1 ПРВ КАТ

Апартман на прв спрат. Во првата просторија има два единечни кревети, дополнителен кревет и кујна со трпезарија. Во втората просторија има брачен кревет.

АПАРТМАН бр.5: 1/4 ВТОР КАТ

Апартман на втор спрат. Во првата просторија има два единечни кревети и кујна со трпезарија. Во втората просторија има брачен кревет.

АПАРТМАН бр.6: 1/4+1 ВТОР КАТ

Апартман на втор спрат. Во првата просторија има два единечни кревети,  дополнителен кревет и кујна со трпезарија. Во втората просторија има брачен кревет.

Напомени и превоз

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Лето 2025