Karidi Beach Apartments – Vourvourou


сопствен превоз

20% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации до 31.01.2026

(минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026)

Опис

Вурвуру е мал град на источниот брег на Ситонија на околу 120 км од Солун Местото се протега по автопатот крај брегот,изобилува со рајски плажи, зеленило и тиркизна вода, а во исто време има и многу борови дрвја и маслинови градини кои даваат особена свежина во летните денови.Областа помеѓу Вурвуру и Сарти се смета за област со најубавите плажи во Ситонија. Плажата кај Вурвуру е долга, со убав бел песок, што се протега од тесниот полуостров Ксифар,сè до Заливот Кариди, каде се наоѓа најпопуларната плажа Karidi beach.Убедливо е најатрактивна локација на вториот крак.Истата преставува вистински егзотичен бисер со својата фантастична тиркизна боја на водата и ситен бел  песок.Сместена е на 2км од Вурвуру,односно на самиот крај на местото,оваа плажа е лесно достапна,а дополнителен плус е тоа што може да го сместите вашиот автомобил во сенка бидејки во внатрешноста има борова шума коja се простира речиси до самата плажа што само дополнително го зголемува впечатокот бидејќи нуди природен штит од жешкото сонце.Истата не е организирана,па затоа е потребно да понесете свои чадори и лежалки и да пристигнете порано за да си обезбедите соодветно место.Има кантина која нуди освежителни пијалоци и брза храна по многу пристојни цени,додека за прав ручек препорачуваме да го посетите ресторанот Мелиа во кој се служи традиционална грчка кујна,лоциран на самиот влез на плажата.Покрај оваа плажа исто така препорачуваме да ги посетите и овие прекрасни плажи кои се во близина: Fava Beach,TalgoPortokali Beach,Lagonisi, Kalogria, Mango, Koviou,Trani Ammouda,Armenistis beach,Bahia beach,Banana beach,Kriaritsi beach и упте многу други.

Вурвуру има неколку мали заливи кои можат да бидат мирни дури и во текот на високата сезона. Поради својата голема, плитка и топла вода, песочните плажи се погодни за мали деца. Околу крајбрежјето има природни марини и пристаништа,многу корали и карпи, што е идеално за нуркање.Во негова близина има 9 островчиња кои се идеални за екскурзии и му даваат посебен шарм на местото. Најголем е Диапорос со прекрасни песочни плажи и до него може да се стигне со изнајмување на чамец од Вурвуру.Чамците се доста распространети во понуда бидејќи ги користат многу туристи. Исто така е популарна и лагуната Ливари, која е одвоена од морето со долга песочна плажа Ливари и се наоѓа веднаш зад главната плажа Вурвуру. Местото е добро поврзано со западниот брег, бидејќи главната патека го пресекува полуостровот и брзо доаѓате на запад до Никити (12 км).Во Никити е единствениот супермаркет Лидл во Ситонија со многу разумни цени, како и супермаркетите Галакси и Масутис. Исто така на околу 10км оддалеченост се наоѓа селцето Агиос Николаос каде има полициска станица,болница,аптека и АТМ.

Вила Кaridi Beach apartments  се наоѓа во мирен дел, речиси на крајот од селцето Вурвуру,на само 350 метри оддалеченост од најбараната плажа Кaridi Beach. Вилата располага со 1/4 апартман и 2/5 дуплекси,кои се направени пред 2 години.Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со кујнски прибор, апарат за кафе, микробранова,електричен бокал за вода, фрижидери и шпорет.Клима (вклучена во цена), тоалет,фен за коса, пешкири,пегла со даска за пеглање, тераса,сопствен паркинг и голем маслинов двор пред самата вила.Наша препорака е да се патува со сопствено возило бидејќи во близина на вилата нема ресторани,маркети и продавници.Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на местото,изолиран од гужви.

  • 1/4 апартман – бр.3 – се наоѓа на трет кат. Апартманот располага со две големи простории. Има голем брачен кревет во спалната соба и голема дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓаат 2 каучи кои не се спуштаат.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години.
  • 1/5 дуплекс – бр.2 – се наоѓа на втор спрат. Дуплексот располага со три  големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
  • 1/5 дуплекс – бр.1 – се наоѓа на прв спрат.Дуплексот располага со три  големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така располага со тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)

Ценовник

20% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации до 31.01.2026

(минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026)

Термин Ноќевања 1/4 апп 1/5 дуплекс
03.05 7 ноќи 200 € 250 €
10.05 7 ноќи 230 € 300 €
17.05 7 ноќи 250 € 350 €
24.05 7 ноќи 350 400
31.05 7 ноќи 390 490
07.06 7 ноќи 590 790
14.06 7 ноќи 690 890
21.06 7 ноќи 790 990
28.06 7 ноќи 890 1090 €
05.07 7 ноќи 990 1290
12.07 7 ноќи 1190 1390
19.07 7 ноќи 1290 1490
26.07 7 ноќи 1290 1490
02.08 7 ноќи 1290 1490
09.08 7 ноќи 1290 1490 €
16.08 7 ноќи 1290 1490
23.08 7 ноќи 1290 1490
30.08 7 ноќи 1090 1290
06.09 7 ноќи 790 1090
13.09 7 ноќи 590 890
20.09 7 ноќи 490 590 €
28.09 7 ноќи 350 450

Услови и напомени

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 20 евра по студио/апартман, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.