Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;
Главениот ресторан “Thalassa” е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
Барот на плажа “Ammos” е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;
Сместување: Сместување во собите е после 15 часот локално време, напуштање на собите е до 10 часот последниот ден по локално време.
Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло –максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99)
Family Room with bunk bed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат –максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години)
Дополнителните легла во сите соби се на расклопување; креветите на спрат се најчесто од железна конструкција.
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.
Чистење на собите: Согласно нови протоколи за Covid-19 за кои информација може да се добие на рецепција.
Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) – 5 € на ноќ – со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.