Парга е едно од најубавите места на Јонското Море – град со антички корени, бела архитектура и препознатлив медитерански шарм. Опкружена со зелени ридови, маслинови дрвја и кристално чисти плажи, Парга нуди совршен баланс помеѓу релаксација и истражување.
Гостите можат да уживаат во градското шеталиште, пристаништето, двете градски плажи, популарната плажа Валтос, излетите до околните островчиња и посетата на старата тврдина од XIV век.
Парга е идеална дестинација за мирен, но содржаен одмор – место каде секој ќе најде нешто за себе.
Хотел Ексотико се наога во околината на Парга, над плажата Валтос, на 5мин одалеченост од плажа и 2км до центарот на Парга. Хотелот располага со трокреветни, 1/3+1 соби и двосплен апартман за 4+1 лице.
Содржина на студијата:
- кујна опремена со решо за готвење,
- прибор и садови за готвење,
- фрижидер,
- клима (бесплатно)
- сопствен тоалет со туш,
- ТВ,
- тераса со сет за седење.
- сеф (со доплата на лице место)
Хотелот се состои од 11 сместувачки единици по следниот распоред:
бр.1 трокреветно студио на прв спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.2 трокреветно студио на прв спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.3 трокреветно студио на прв спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.4 трокреветно студио на прв спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.5 трокреветно студио на прв спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.6 трокреветно студио на втор спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.7 трокреветно студио на втор спрат со еден двоен кревет и еден единечен
бр.8 трокреветно студио на втор спрат со еден двоен кревет и еден единечен + ранџо
бр.9 двоспален апартман на прв спрат, лоциран над ресторанот на хотелот, со 2 посебни спални од кои една спална со еден двоен кревет, и една спaлна со два еднинечни кревети, во дневниот простор дополнително легло
бр.10 трокреветно студио на втор спрат со еден двоен кревет и една софа
бр.11 трокреветно студио на втор спрат со еден двоен кревет и една софа



























