Детали за лет :
19.06-26.06.2026
W6 4765 20:45 22:35 Skopje (SKP) Malta (MLA) W6 4766 23:05 00:50+1Malta (MLA) Skopje (SKP) 26.07-08.02.2026
W6 4765 06:45 08:30 Skopje (SKP) Malta (MLA) W6 4766 09:05 10:45Malta (MLA) Skopje (SKP)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
-Аеродромски такси
-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во Малта на база 7 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен
-Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма
-Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Организација на аранжманот и придружник на патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
-Посета на Попај село и рибарското градче Марсашлок (трансфер и влезница) – цена дополнително
-Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) (трансфер, локален водич) – цена дополнително
-Посета на Гозо – (трансфер, брод, локален водич) – цена дополнително
-ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – цена дополнително
-Туристичка такса 1200 мкд по лице (се плаќа во агенција)
-Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба
Напомена:
Доплата за еднокреветна соба – на барање Деца до 1.99 год плаќаат 50 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
ВАЖНО:
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
При отказ на резрвација од страна на клиентот или промена на име, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.