Опис
Ова лето одиме во Шпанија со директен лет од Скопје!
Дозволете си сончево бегство на прекрасната Коста Брава – рајска дестинација која го комбинира сјајот на медитеранските плажи со шармот на традиционалната шпанска култура! Уживајте на златните плажи и кристално чистото море, истражете ги шармантните приморски градови и локалните пазари, и опуштете се со врвна удобност и одлична гастрономија во хотелите.
Во хотелот ALEGRIA Sun Village се нуди совршена хотелска формула за целосно уживање во уникатното искуство во Љорет де Мар. , внимателно е дизајнирн секој детал за да вашиот престој биде незаборавен. Уживајте во удобноста на нашите модерни и комфорни соби, персонализираната услуга и внимателно уредените простории создадени за целосна релаксација и одмор.
Опуштете се покрај базените на лежалки, вкусете вкусни оброци во ресторанот и сончајте се на терасато со прекрасен поглед. Хотелот нуди и услуга за миленици, бар, како и бесплатен Wi-Fi со високa брзина низ целиот објект. Без разлика дали сакате да се релаксирате, да истражувате или едноставно да уживате во медитеранскиот стил на живот, ALEGRIA Sun Village нуди сè што ви е потребно за совршен одмор.
Совршена локација
Хотелот се наоѓа на само 150 од прекрасната плажа, каде што можете да уживате во топлото сонце и кристално чистото море. Лорет де Мар е живописно туристичко место со богата понуда на ресторани, кафулиња, шопинг-зони и забавни содржини. Доколку сакате да ја посетите Барселона, градот е одлично поврзан, што го прави идеална дестинација за дневна екскурзија.
Модерно сместување
Собите се пространи, модерно уредени и нудат приватен балкон со прекрасен поглед кон морето или базенот. Секоја соба е опремена со клима, ТВ, бесплатен WiFi и сите удобности што ви се потребни за пријатен престој.
Вкусна храна и локални деликатеси
Во ресторанот на хотелот ве очекува разновидна шведска маса со богат избор на локални и интернационални јадења, како и широк асортиман на свежо овошје, десерти и освежителни пијалаци.
Одличен избор за семејства, парови и друштва
Без разлика дали патувате со семејството, партнерот или пријателите, Sun Village нуди нешто за секого. Динамична атмосфера, одлична локација и богати содржини го прават совршен избор за оние кои сакаат комбинација од забава, релаксација и истражување на убавините на Коста Брава.







