Оддалечен е околу 50 m од градската плажа Ladies Beach каде користењето на лежалки и чадори за сонце се доплаќа.
Хотел Asena е оддалечен околу 3 км од центарот.
На гостите на овој хотел им е на располагање рецепција, лоби бар, внатрешен хотелски ресторан, базен сместен на покривот на хотелот, бар покрај базен, како и ТВ салон. На гостите на хотелот им се достапни бесплатни лежалки и чадори за сонце околу базенот. Спортови на вода, услуги за перење и пеглање, сеф (на рецепција) се доплаќаат. Wi-Fi е бесплатен во лобито на хотелот. Хотелот располага со сопствен бесплатен паркинг.
Хотелска услуга: Хотелските услуги вклучуваат ноќевање со појадок и полупансион – појадок или појадок и вечера на база на самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса).