Се наоѓа на околу 100 метри од плажата Ladies Beach. Лежалките и чадорите на плажа се доплаќаат.
Се наоѓа на околу 2 километри од центарот на Кушадаси,.
Хотелот располага со ресторан со прекрасен поглед на морето, кој служи јадења од интернационална кујна. Дополнителните содржини вклучуваат бар, мал базен, сеф на рецепција (со доплата на лице место). Посебна атракција е локацијата – веднаш до самата плажа.
Услугата во хотелот е ноќевање со појадок или полупансион – појадок и вечера по принцип на самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса). Сите пијалоци и се останато надвор од концептот се плаќа дополнително.
Стандардните соби имаат бања со туш кабина, фен, телефон, ТВ, клима и балкон.