Се наоѓа во самиот центар на градот, на 350 метри од градската плажа. Користењето лежалки и чадори на градската плажа дополнително се наплаќа.
Хотелот располага со лоби бар, ТВ салон, внатрешен и надворешен хотелски ресторан, базен каде лежалки и чадори се достапни бесплатно, сеф, Wi-Fi интернет е бесплатен.
Услугата во хотелот се базира на појадок или полупансион – појадок и вечера по принцип на самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса).
Собите располагаат со клима и имаат ТВ и телефон, бања со туш, фен за коса.