Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

ПАРИЗ ВО МАЈ


ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 449 € (27.838 мкд.)

ЗА ПРВИТЕ 6 МЕСТА

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 € (27.838 мкд.)

Категорија

Париз – градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така…

Програма

(28.04.2022 – четврток) | Скопје – Париз

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 06:00 часот. Полетување кон Париз во 08:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 11:15 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел со претходен разглед на Париз. По разгледот се упатуваме кон хотелот.Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.

(29.04.2022 – петок) | Версај – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km со рер), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (30.04.2019 – сабота) | Париз – Мулен Руж

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр ,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лизада. Потоа продолжуваме да ги посетиме знаменитостите на овој прекрасен град (метро и пешки), Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, ќе ја посетиме познатата улица на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer, квартот на познатите париски кабареа Пигал каде се наоѓа и познатиот Mouline Rouge. Во вечерните часови може да се организира факултативна посета на кабаре барот Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот. Ноќевање.

(01.05.2019 – недела) | Париз – Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време до организиран трансфер до аеродром. Полетување во 14:55.Слетување во Скопје во 17:35.

Факултативни излети

Цени за уплата во агенција:

  • Посета на Версај – со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат –
  • Крстарење со брод по Сена
  • Посета на Лувр – (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Посета на Moulin Rouge – (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
  • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);

Ценовник

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 449 € (27.838 мкд.)

ЗА ПРВИТЕ 6 МЕСТА

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 € (27.838 мкд.)

Услови и напомени

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
  • Панорамски разглед на градот
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса 1.88 € на ноќ – се плаќа во хотел;
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14.1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 15.04.2022 и минимум пријавени патници за реализација: 16

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ.

ДИЗНИЛЕНД: 

Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз – рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд.