Во цената се вклучени следниве услуги
• Повратен Авио билет со вклучен багаж – Директен лет:
Скопје-Анталија со Sun Express: XQ631 28DEC SKP AYT 17:25 21:15; XQ630 01JAN AYT SKP 16:35 16:30
• Вклучени аеродромски такси
• Организиран трансфер: Аеродром-Хотел-Аеродром
• 4 ноќевања во Miracle Resort Hotel www.miraclehotel.com на база Се вклучено
•Организација на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Задолжителна Новогодишна свечена вечера 85 еур (5.270 мкд)
• Факултативни излети:
1. Анталија-Градска тура
Начин да создадете драгоцени спомени и да се забавувате. Посета на најзначајните споменици и природни чуда: Адријановата Порта, Саат Кулата, водопади и џамии…
2. Демре Мира Кекова -04:00 08:00 Враќање 19:00 22:30 Превоз, водич, ручек, Посета на црквата Св. Никола и влез во карпестите гробници, продавница за икони и сувенири , пловење со јахта до островот Кекова и Демре -област со посебна убавина, позната по своите подводни убавини, по моштите на Антички град делумно потопен од земјотрес во вториот век. Населба потопена во море-Ѕирнете надолу низ водата, ќе имате чувство како да се лизгате по потонатите ѕидови и скали.
3. Памук Кале 03:30 05:30 Враќање 19:30 22:30 Превоз, Водич, Влез за Памук кале Хиераполис, појадок, ручек, продавница за сувенири, за текстил – Дополнително се наплатуваат услуги во Клеопатра базенот (макс. 3 часа) и пијалоци
Памучен замок – чудо на природата кое го одзема здивот со природни топли ивори кои се зацврстуваат во бели карпести базени со неверојатна убавина. Посета на Античкиот град Хиераполис – видете го добро сочуваниот римски театар и античките термални бањи. Можност за капење во термален базен познат како базен на Клеопатра…
4. Аквариум – Полудневна екскурзија
Превоз, бодич, билет за влез – Посетете ја најновата атракција во Анталија, еден од најголемите аквариуми во светот на 3 различни нивоа – најголем подводен тунел во светот. 5 Милиони литри вода во главниот резервоар се дом на многу видови тропски риби и ајкули. Аквариумот нуди и Снежен свет – музеј на мраз.
Напомена: За реализација на сите факултативни излети потребен е минимум од 10 патници, водичите за сите излети се на Англиски јазик
•Патничко и здравствено осигурување
Важна напомена:
• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
• Краен рок за пријавување 15.12.2024, за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
• За овој аранжман важат општите услови на патување.