1 ден: 12.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје, во 07:15 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 09:15 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 12:50 часот. Лет за Sankt Petersburg во 19:30 (TK399). Пристигнување во 23:15 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден: 29.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Петропавловска тврдина)
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник … (без да се влезе во објектите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите руски императори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Слободно време. Ноќевање.
3 ден: 30.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село)
Појадок. Факултативна програма до Пушкин – Царското Село – летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Екатерина. Факултативна програма на возење со руска тројка (во случај на поволни временски услови). Слободно време. Ноќевање.
4 ден: 31.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж, Дочек на Нова Година)
Појадок. Факултативна програма: Ермитаж – посета на еден од најголемиот музеј во светот, сместен во комплексот на Зимскиот дворец, со повеќе од 3 милиони експонати. Непроценливата колекција е изложена во 6 згради распоредени околу Дворскиот плоштад и долж реката Нева. Главната зграда е Зимскиот дворец, кој некогаш бил резиденција на руските цареви. Во богатата колекција се издвојуваат ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Рембрант, Микеланџело и други уметници. Музејот е познат и по археолошката збирка, колекцијата на скулптури, збирката на средновековна европска уметност, како и по својот барокен изглед и архитектура. Слободно време. Во вечерните часови, заминување со водич и метро до Дворскиот плоштад, кај Зимскиот дворец, каде што со концерти на отворено и величествен огномет се пречекува Новата година или факултативен дочек на Новата Година во хотелот. Ноќевање.
5 ден: 01.01.2027 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – МОСКВА Град на Империјата (Московското метро)
Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот
„Ломоносов“, Паркот на победата и други (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Факултативна програма: Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на националните херои). Ноќевање.
6 ден: 02.01.2026 МОСКВА (Кремљ, Палата на оружјето и Бородинската битка)
Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и Палатата на Оружјето – ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка – посветен на војната Наполеон во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободно време. Ноќевање.
7 ден: 03.01.2027 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
Појадок. Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Факултативна програма: Вечерен разглед на Москва по река – пловење со ексклузивниот брод – ресторан Radisson. Ноќевање .
8 ден: 04.01.2027 МОСКВА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 14:05 часот (TK418).
Слетување во Истанбул во 18:05 часот. Лет за Скопје во 20:15 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.