Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила ZORBAS – Неа Флогита


10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26) 
7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26) 

Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба. Тераси со директен и страничен поглед на плажа-море, просторна кујна со трепезариска маса. тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и   интернет – бесплатни. Апартманите се наоѓаат на II кат. Апартманите се реновирани и се со добар квалитет на сместување. Гостите со сопствени возила може да паркираат на 20м од вилата. Ви посакуваме пријатен престој.

Ценовник

Бесплатно сместување за 3то, 4то лице во АПТ /2+2/

“Zorbas”
Неа Флогита
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
16 23 30 06 13 20 27 04 11 18 25 01 08 15 22 29 05  12 19
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7
АПТ /2+2/
 (со 1 спална)
 115 145 175   215 255 305 585 645 705 785 785 785 785 735 685 315 285 235 165
опис на ценовникот по лице со превоз цени за наем на апартман без превоз по лице со превоз

Услови и напомени

НАПОМЕНА

– Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална  /2+2/  – БЕСПЛАТНО сместување;

– Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

– Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

– Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;

– Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;

– Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;

– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

– Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

За овој аранжман важат општите услови на патување

Лето 2026