Опис
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летнни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та годиа. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Добро познатата вила Јулианос, видете цени и термини подолу
Вила Јулианос e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби. Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални). Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден).










