Опис
Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.
ОПИС:
S-STUDIO Се наоѓа на 20м. од пешачката зона со многубројни продавници, кафичи, на само 2мин. до прекрасната песочната плажа и на 800 м. од познатиот бич бар Молос. Реновирано 2023 г. Француски лежај + единечен кревет, опремено со кујна, шпорет, нов фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, Wi-Fi интернет, купатило со туш, клима уред, сопствено дворче.
3+1 студио, француски лежај + единечен кревет, (погодно за 3 возрасни лица, или за фам. со 2 деца до 12год. – можност за помошен лежај со доплата)
Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиото се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиото не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
GPS: 39.9998377,23.5757081








