Опис
Положба: Хотелот Roxx Royal е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Благодарение на својата централна локација, хотелот нуди брз пристап до главните шопинг зони како “Grand Bazaar”, бројни ресторани, кафулиња и забавни содржини. Оддалечен е околу 350-600 метри од градската плажа и околу 1.7 км од марината во Кушадаси.
Сместување: Хотелот располага со модерно уредени соби (стандардни, двокреветни и трокреветни). Сите соби се опремени со: клима уред, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса, бесплатен тоалетен прибор),ТВ, минибар, телефон, сеф, Wi-Fi интернет, повеќето соби располагаат со сопствен балкон.
Услуга: Услугата во хотелот е на база или HB (полупансион – појадок и вечера) на база на шведска маса. Хотелот располага со внатрешен и надворешен ресторан каде се служат локални и интернационални специјалитети, како и лоби бар и бар покрај базенот.
Бесплатни услуги: Користење на надворешен базен и детски базен, лежалки и чадори покрај базенот, Wi-Fi, паркинг, ТВ салон, детско игралиште
Услуги со доплата: Пијалоци во баровите, услуги во велнес центарот (турска бања-хамам, сауна, масажи, џакузи), билијард и пинг-понг, ежалки и чадори на градската плажа
Сеф во собла (доколку не е вклучен во основната цена), рент-а-кар и трансфер до аеродром, доктор (на повик)
Содржини: Ресторан (отворен и затворен дел), бар покрај базен, лоби бар, 24/7 рецепција, менувачница, надворешен базен со дел за деца, спа и велнес центар, лифт, конференциска сала.
Плажа: Градската песочна плажа е на само неколку минути пешачење (околу 350-500м). Плажата Ladies Beach е оддалечена околу 2.5 – 3 км. Градската плажа нуди плитка и чиста вода, идеална за семејства, со бројни барови и ресторани во непосредна близина.
Спорт и забава: Надворешен базен, билијард, пинг-понг, караоке вечери, повремени анимации и жива музика, како и водени спортови на плажа (со доплата).




