Опис
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Sandra” е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, на мирна локација, на најмногу 100 метри од плажа. Изградена е за лето 2026 и во куќата првите патници ќе престојуваат од 17.05. годинава. Располагаме со 2 високо квалитетни нови модерно опремени апартмани лоцирани на приземје. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Апартманите имаат по 2 големи сопствени тераси опремени со маса и столови. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Апартманите се комплетно нови, пространи, идеални за најпробирливите патници.
1/2+2 апартман бр. 1 – приземје. Простран апартман кој располага со голема спална соба опремена со два единечни кревети кои може да се спојат по желба од која се излегува на сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со пространа дневна соба со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има голема гарнитура на пуштање за 2 поголеми деца или еден возрасен и дете до 12 години. Од дневна соба се излегува на втората пространа тераса која има поглед кон улицата напред. Апартманот има сопствено ново купатило со туш кабина.
1/2+2 апартман бр. 2 – приземје. Простран апартман кој располага со голема спална соба опремена со два единечни кревети кои може да се спојат по желба од која се излегува на сопствена тераса со поглед кон дворот. Располага со пространа дневна соба со целосно опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, аспиратор и сл.), ТВ и клима уред. Во дневниот простор има голема гарнитура на пуштање за 2 поголеми деца или еден возрасен и дете до 12 години. Од дневна соба се излегува на втората пространа тераса која има поглед кон улицата напред. Апартманот има сопствено ново купатило со туш кабина.










