Опис
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
ОПИС:
АПАРТМАН – АНГЕЛА (БОКИ) се наога во Пефкохори, на 50м одалеченост од морето и од самата пешачката патека (одма до ресторан Влахос). Апартманот е наменет за 5 особи. Располага со еден француски кревет во самата кујна и три кревети (на спрат) во оделна соба. Сопствена тераса со страничен поглед на море, кујна со садови за готвење за соодветниот број на гост, шпорет, голем фрижидер, трпезариска маса, тоалет, ТВ, интернет, клима, wi-fi…. Апартманот нема сопствен паркинг….
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
1/5 апартман – една спални соба, дневна голема со кујна комплет опремена, единечен кревет на спрат + француски лежај.
Гостите се сместуваат во исчистени соби, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Check in: 14:00h. локално време
Check out: 09:00h. локално време











