Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бел песок.
Вила Дина е сместена на само 90 метри од плажа (околу 4 минути пешачење), на почетокот на Амудиа, во мирно и пријатно опкружување.
Вилата располага со трокреветни студија и двоспален апартман, сите сместени на приземје, со директен излез на сопствена тераса.
Содржина на студио:
- 1/3 студио со еден двоен кревет и еден единечен
- Сопствена кујна со прибор за готвење и јадење
- Тоалет
- ТВ
- Клима уред со доплата на лице место: Студио: 6€ на ден (се плаќа на лице место)
Содржина на апартман:
- Апартман со 2 спални соби од кои едната со еден двоен кревет и во другата соба два единечни кревети
- Сопствена кујна со прибор за готвење и јадење
- Тоалет
- ТВ
- Клима уред со доплата на лице место: Апартман: 7€ на ден (се плаќа на лице место)
- Промо термини
- Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете
-
- Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
- За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот












