Опис
GPS координати: 39.77088840504681, 20.00200401174155
Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Ујвара се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.
Опис на сместувањето
- 1/3 – соба – број 201 – прв спрат
- Собата има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, фрижидер, бокал за топла вода, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/3 – соба – број 202 – прв спрат
- Собата има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, фрижидер, бокал за топла вода, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/2 – соба – број 203 – прв спрат
- Собата има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, фрижидер, бокал за топла вода, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/2 – соба – број 204 – прв спрат
- Собата има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/4 – соба – број 205 – прв спрат
- Собата има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- 1/3 – соба – број 301 – втор спрат
- Собата има голем брачен кревет + единечен кревет , балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/3 – студио – број 302 – втор спрат
- Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни+ 1 дете до 5,99 години.
- 1/2 – Студио – број 303 – втор спрат
- Студиото има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/2 – Студио – број 304 – втор спрат
- Студиото има голем брачен кревет, балкон со поглед на базен, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/4 – Студио – број 305– втор спрат
- Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 4 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
Услови напомени и превоз
Напомени:
- Патниците имаат можност за доплата за појадок (шведска маса) по цена од 10 евра на ден по лице.
- Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach и Maestro Beach кои што се во сопственост на вила Ујвара по цена од 10 евра за две лежалки и чадор на ден.
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
Превозот се одвива преку граничен премин Ќафасан.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Македонија за Ксамил :
– Скопје – 70€ по лице
– Штип – 85€ по лице
– Велес – 70€ по лице
– Дреново – 70€ по лице
– Битола – 60€ по лице
– Прилеп – 60€ по лице
– Струга – 60€ по лице
– Охрид – 60€ по лице
– Ресен – 60€ по лице
– Деца од 2-11,99год: –10€ помалку од цената на возрасен
Време и места на поаѓање за АЛБАНИЈА:
Ден претходно од термините во табелата
– 22:00 h – Скопје – (Хотел Русија)
– 22:45 h – Велес – (Макоил бензинска – Мотел Македонија)
– 22:00 h – Штип – (Нова Пошта) – Трансфер до Велес – Ден претходно од термините во табелата
– 23:30 h – Дреново – (Бензиска пумпа Макпетрол кај кружен)
На првиот ден од термините во табелата
– 00:20 h – Прилеп – (Бензиска пумпа Лук Оил на излезот за Скопје)
– 01:00 h – Битола – (Бензиска пумпа Лук Оил кај кружен тек на излезот за Охрид)
– 01:40 h – Ресен (Aвтобуска станица)
– 02.20 h – Охрид– (бензиска Пумпа Окта кај Ohrid Mall)
– 02:50 h – Струга – (пред Нептун)
Попусти:
- За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
Плаќање:
- Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
- Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.