ПРВ ДЕН
Влезот во собите е по 14:00ч.Сместување и одмор на локалната плажа. Вечера и запознавање на групата заедничка дружба во дворот на хотелот. Ноќевање.
OД ВТОР ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕКСКУРЗИИ
Плажата Плави Хоризонти.
Целодневна екскурзија на плажа Плави Хоризонти (Plavi Horizonti)
Плажата Плави Хоризонти, која се наоѓа на полуостровот Луштица e 300 метри покриена со извонреден златен песок и сместена среде живописната борова шума со маслинови дрвја.
Плажата нуди низа рекреативни активности, вклучувајќи одбојка на плажа, тенис и кошарка. Дополнително, на лице место има ресторан кој нуди врвна услуга. Оваа плажа е со плаво знаме.
Разглед на Котор и крстарење по Бока Которска, островот Gospla od Skrpjela и Пераст
Појадок и после појадокот одиме на целодневна екскурзија. Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст.
Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот следува крстарење.
Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква, храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капел.а Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот.
По ,,Gospa od Skrpelja’’, поминуваме низ најтесниот дел на заливот, Вериге, каде што непријателските бродови застанувале со синџири и го продолжуваа нашето патување по заливите Тиват и Херцег Нови. Оваа турнеја ќе ве однесе и до озлогласениот остров Мамула, поранешен затвор. Потоа следи кратка посета на старите подморнички бази. На крајот од патувањето се посетува Сината пештера како место за уживање и релаксација. Ова место, достапно само со брод, е познато по кристално чистата сина вода што ја опфаќа пештерата. Крстарењето трае околу 3 часа.
Посета на плажата ,,Jaz”
Оваа плажа е живописен дел од крајбрежјето во Црна Гора што се протега приближно 1,5 км и е поделено на три различни делови. Првиот, Jaz I , најблиску до Будва, е украсен со големи камења и камчиња, создавајќи уникатен пејзаж кој ги привлекува оние кои ја ценат природната убавина. Продолжувајќи понатаму, Jaz II може да се пофали со мешавина од мали камчиња и песок, што нуди различна текстура под нозете. Најзатскриениот дел, сместен надвор од разбрануваната река што го следи работ на плажата, има брег прекриен со фин, златен песок. На оваа плажа се организирале многу концерти како на Мадона, Дино Мерлин, Ролингстонс. Ден за одмор, уживање и водени лудории.
Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич
Појадок и потоа се упатуваме на целодневна екскурзија во Дубровник кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање во хотел. Вечера, слободно време за одмор. Ноќевање.
Посета на плажата Плоче
Полудневна екскурзија до плажата ,,Плоче’’ која се наоѓа на брегот на Јадранското Море, во непосредна близина на Будва. Плажата има површина од 10.000 м2. За љубителите на убавото време има и коктел бар каде секојдневно се одржуваат настапи на различни диџеи а овде се одржуваат најдобрите журки во Будва.
Вечерна посета на Будва
Ден 8
Напуштање на собите и слободно време до договорениот термин за тргнување назад. Собите се напуштаат во 09:00ч. Поаѓањето за Македонија е во 14:00ч. Пристигнување во вечерните часови
-Посета на плажата ,,Plavi Horizonti’’- 20 евра
-Посета на плажата ,,Jaz’’- 25 евра
-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич- 40 евра
-Вечерна посета на Будва- 15 eвра
-Посета на плажата Плоче- 20 евра
-Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст- 45 евра
ЈАДРАН ПАКЕТ- 90 евра (5 екскурзии)- заштеда 30 евра
-Посета на плажата плави хоризонти
-Посета на плажата ,,Jazz”
-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич
-Вечерна посета на Будва
-Посета на плажата Плоче