Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Zeyia” се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна). Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање и еден стандарден кревет, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за водаи сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.