Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Костас – Јерисос


17 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Kostas” се наоѓа на одлична локација на само50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 1,50 евра  на ден по апартман.

 

Дуплекс апартман број 1A (дуплекс1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и голема тераса со маса и столови.

Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има спална со брачен кревет и мал кревет за дете и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).

Апартман број (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица. Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број (1/3 + 1)–прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревети во кујна помал кревет(наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број (1/3 + 1)–прв кат, голем, простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса сомаси и столови.

1. Вонсезонски цени

Вонсезонски цени

Термин Ноќевања Дуплекс апартман (бр.1A)

задолжително плаќаат 4 лица

Aпартмани

(2A,3A,1Б,) задолжително плаќаат 3 лица

15/06-22/06 7 159 209
22/06-29/06 7 179 219

          * цена по лице со вклучен превоз

2. Сезонски цени

Сезонски цени

Термин Ноќевања Дуплекс апартман (1А) Апартмани (2A, 3А, 1Б, 2Б)
29/06-06/07 7 749 699
06/07-13/07 7 799 759
13/07-20/07 7 849 799
20/07-27/07 7 849 799
27/07-03/08 7 899 839
03/0810/08 7 899 839
10/0817/08 7 849 799
17/0824/08 7 849 799
24/0831/08 7 819 769

* цена за наем на дуплекс апартман или апартман

3. Вонсезонски цени

Вонсезонски цени

Термин Ноќевања Дуплекс апартман (бр.1A)

задолжително плаќаат 4 лица

Aпартмани

(2A,3A,1Б,) задолжително плаќаат 3 лица

31/0807/09 7 159 209
07/0914/09 7 149 189
14/0921/09 7 119 129
21/09-28/09 7 99 109

* цена по лице со вклучен превоз

Услови и напомени

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО.
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3лица, а во дуплекс апартман 4 лица | 4-то и 5-толице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА,според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец170 мкд. (35евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување нааранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или  last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши нај доцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. НЕ може да се гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте на двор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените восамата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервација.

Галерија

Дуплекс бр.1A

Апартман бр.2A

Апартман бр.3A

Апартман бр.1Б

Апартман бр.2Б

Двор

Лето 2024