Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Кипријанос – Едипсос


– 15% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА !!!

Вилата Кипријанос се наоѓа во мирниот дел на Едипсос. Од морето е оддалечена околу 200 метри, а од термалните извори на околу 800 метри. Во близина на вилата има ресторани, кафетерии со пријатни градини под сенка, продавници за сувенири, пекари и таверни. Тоа е околу 350 метри од центарот на Едипсос.
Содржина на вилата: Објектот располага со студија на втори и трети кат, со брачен и единечен кревет, мини кујна со основен инвентар, тоалет, балкон, ТВ и клима уред. Паркирање е можено на улицата пред објектот според условите. Во дворот на вилата има туш кабина како и просторија за последниот ден од престојот каде гостите можат да го остават својот багаж. Вилата има лифт.

Ценовник со превоз

Ценовник без превоз

Услови и напомени

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен),
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Цена на повратен автобуски превоз: 65 EUR (45 EUR за дете 02 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:

– Истиот ден попладне.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Галерија

Лето 2024