Вила “Maria Lux” се наоѓа во центарот на Ханиоти (веднаш до вила “Maria”) односно на почетокот на Плоштадот и нa oколу 150m oд плажа. Вилата е ново изградена во Октомври 2018 година. Располага со: комфортни струдија за три лица и апартмани со една спална соба за пет лица со големи тераси. Опис на собите: 1/3 студио на ниско приземје (сутерен) 1/3 студио на високо приземје и 3+2 апартмани со една спална на I и II кат. Сите се комфортни и комплетно опремени со нов мебел со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони, масичка со столчиња со поглед напред на улицата, Плоштадот. Вилата е со одличен квалитет на сместување, комфорт, локација. Ви посакуваме пријатен престој.
Вила Maria Lux – Ханиоти
Бесплатно сместување за 3-то лице во студио / 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална
10% попуст за целосна уплата до 01.03.25
Ценовник
“Maria Lux” Ханиоти |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
17 | 24 | 31 | 07 | 14 | 21 | 28 | 05 | 12 | 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 30 | 06 | 13 | 20 | ||
бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/3 студио (сутерен) | 115 | 135 | 165 | 195 | 225 | 255 | 470 | 500 | 540 | 580 | 580 | 580 | 580 | 580 | 530 | 265 | 245 | 215 | 165 | |
1/3 студио I кат | 125 | 145 | 175 | 215 | 245 | 285 | 520 | 540 | 570 | 620 | 620 | 620 | 620 | 620 | 570 | 295 | 265 | 235 | 175 | |
АПТ /3+2 / (1спална) | 145 | 165 | 195 | 235 | 275 | 315 | 590 | 660 | 730 | 770 | 770 | 770 | 770 | 770 | 740 | 325 | 285 | 245 | 205 | |
опис на ценовникот | по лице со превоз | цени за наем на АПТ/студио без превоз | по лице со превоз |
Услови и напомени
Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во студио и апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
– Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата. На автобуска постројка кaj “Lemonis Bakery”.
– Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
– Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.