Опис
Комплексот Калитеа Дрим е сместен веднаш до големиот паркинг на Калитеа, во близина на градскиот парк и плоштадот, на околу 800 м од плажа (приближно 8 минути пешачење). Апартманот М&M се наоѓа на втор спрат, составен од една спална соба со дупли кревет, дневен простор со кујна каде има софа на развлекување. (капацитет за 4 возрасни лица + 1 дете до 6год)
Содржина на апартманот:
-Кујна со прибор за готвење и јадење (соодветно на бројот на кревети)
-Сопствен тоалет
-2 х ТВ
-Интернет (за брзината и квалитетот не гарантира агенцијата)
-Клима уред (вклучен во цена)
-Балкон со сет за седење
Услови напомени и превоз
- Понудата важи за ограничен број апартмани во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
Куќен ред
- Пријавување по 15:00
- Одјавување пред 11:00
- Ве молиме почитувајте тивки часови по 23:00
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50еур по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 50еур по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики
- Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон) – 45еур по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 45еур по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ
- 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
- 4:00 Скопје (Дрводекор)
- 4:30 Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија)
- 5:00 Неготино (БП Неготино)
- 6:00 Граничен премин (БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- 4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- 3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА
- 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
- 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
- 14:30 локално време (13:30 Мак. време) Ханиоти
- 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
Напомени
- Се задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%, или промена на цената на горивото.
- Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените.
- За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините).
- Попустите не може да се комбинираат.
- Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети).
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Важат Општите услови на СКТМ.