Опис
Вилата се наоѓа на неколку чекори од плажа, веднаш до хотелот Елпиники на јужниот дел на Неа Потидеа, лоциран на крајниот дел на местото, свртена кон запад, идеална за оние кој љубат долг престој на плажа до доцна во денот. Оваа вила е нова градба и располага со 5 студиа. Гостите од вилата имаат 2 бесплатни лежалки, исто имаат и можност да изнајмат велосипед.
Содржина на студијата:
- тв, интернет
- клима (вклучена во цената),
- мини кујна,
- сопствен тоалет со туш,
- тераса со мебел за седење.
Типови и распоред на студиа:
- Студио бр.4 – 1/3+1 студио за 3 возрасни + 1 дете, со двоен кревет и софа на пуштање
- Студио бр.6– 1/4 студио за 4 лица со двоен кревет и креветчиња на спрат – на прв спрат
- Студио бр.7 – 1/2+1 студио за 3 лица со двоен кревет и дополнително легло на расклопување – на втор спрат
- Студио бр.8 – 1/4 студио за 4 лица со двоен кревет и креветчиња на спрат – на втор спрат
- Студио бр.9 – 1/2+1+1 студио за 2 возрасни + 2 деца на втор спрат, со поглед на море




















