Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила  Лидија  – Неа Потидеа


Попуст за рана уплата од 12% до 31.01.2025 за термини до 05.07.2025

Локација:  Се наоѓа на само 30 м. од песочната плажа во Неа Потидеа. Опкружена е со прекрасен  двор и цветна градина.

Сместување:  Прв и Втор кат: трокреветни студија, четирикреветни и петкреветни дуплекси.

  • Студио 1/3 – три единечни кревети, одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Дуплекс 1/4 – четири единечни кревети (по 2 во посеби соби), одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Дуплекс 1/5– пет единечни кревети (3 во една соба и 2 во друга соба), одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Ценовник

Период Бр.на ноќи      1/3 студио 1/4 АПП дуплекс (без поглед) бр.18   1/4 АПП дуплекс 1/5 АПП дуплекс
   24.05 – 31.05 7 139 € 159 199 219 €
   31.05 – 07.06 7 209 € 249 279 299
   07.0614.06 7 269 € 309 339 359
   14.06 – 21.06 7 309 349 379 399
   21.06 –  28.06 7 359 399 429 449
   28.0605.07 7 399 439 469 489
   05.0712.07 7 449 489 559 579
   12.07 – 19.07 7 519 559 609 629
   19.07 – 26.07 7 519 € 559 609 629
   26.0702.08 7 519 € 559 609 629
   02.08 – 09.08 7 519 € 559 609 629
   09.08 – 16.08 7 519 € 559 609 629
   16.08 –  23.08 7 489 € 529 579 599
   23.08 – 30.08 7 449 € 489 539 559
   30.08 – 06.09 7 359 409 449 469
   06.09 13.09 7 269               299 339 359
   13.09 – 20.09 7 199 229 269 289
   20.09 – 28.09 7 149 €                   179               209 229 €

Услови и напомени

ЦЕНИТЕ  СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ  НА  СТУДИО или АПП   ЗА  7 НОЌИ.

Задожолжителна доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во Агенција).

Превозот се доплаќа:

Возрасен               45повратен / 35 еден правец

Деца од 02-12г.    35 повратен / 25еден правец

Деца до 2г.           Бесплатно (без седиште).

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

 Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

 Важат општите услови за патувањe на СКТМ!

Лето 2025