ПОЛИХРОНО е едно од најатрактивните туристички места на првиот крак на Халкидики – Касандра, сместено 98 км југоисточно од Солун, во живописниот залив Торонеос. Познато по својата неверојатна песочна плажа долга 7 километри со кристално чиста, плитка вода, ова место е идеално за семеен одмор и безброј водни активности. Опкружено со бујна медитеранска природа и убаво уредено осветлено шеталиште покрај морето Полихроно нуди мирна, но раздвижена атмосфера исполнета со ресторани, таверни, кафулиња, продавници и комплетно сите потреби за туристите. Благодарение на одличната локација, Полихроно е идеална точка за истражување на блиските места како Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос, Пефкохори, Паљури итн.
Куќа “La Casa Apartments” е лоцирана во многу мирна уличка на само 30 метри од прекрасната плажа и 250 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца, како и за патници кои преферираат вистинско уживање. Располагаме со два квалитетни апартмани и еден голем, високо квалитетен и многу простран дуплекс апартман на приземје. Секој сместувачки капацитет располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Апартманите имаат сопствени тераси со комарници и одличен нов мебел. Во дворчето од вилата има голема заедничка комплетно опремена кујна со буквално сите елементи ( голем шпорет, фрижидер, кујнски прибор, садови …), како и скара, достапна за гостите за седенки и опуштање. Во непосредна близина на куќата има мини маркет, кафулиња и таверни. Паркирањето може да биде на самата улица доколку има слободно место или на 300 метри има градски паркинг кој е бесплатен.
1/2+2 апартман бр. 1 – приземје. Располага со дневна соба во која има софа на пуштање со целосно опремена кујна (голем шпорет, мал фрижидер, комплет садови за готвење и јадење), како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш, клима, ТВ, Wi-Fi, сопствена пространа тераса со маса и столови.
1/2+2 апартман бр. 2 – приземје. Располага со дневна соба во која има софа на пуштање со целосно опремена кујна (голем шпорет, голем фрижидер, комплет садови за готвење и јадење), како и одвоена спална соба со брачен кревет, тоалет со туш, клима, ТВ, Wi-Fi, сопствена пространа тераса со маса и столови.
1/6+2 дуплекс апартман бр. 3 – приземје. Многу простран дуплекс апартман, кој воедно е најголем сместувачки капацитет во куќата. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна (голем шпорет, голем фрижидер, машина за перење садови и комплет садови за готвење и јадење), две спални соби, два тоалета со туш, клима, ТВ, Wi-Fi. Во една спална соба има стандарден брачен кревет, а во другата уште еден стандарден брачен кревет и софа на пуштање, додека во дневната соба има голема гарнитура на пуштање (седмосед). Од сите простории се излегува на една многу голема заедничка тераса опремена со маса и столови.



































