Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Zoi1 – Скијатос


На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.  Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.  Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Вила Zoi 1 располага со 7 студиа, двокреветни и трокреветни на прв и втор спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири,мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (не е класична кујна). Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

Вила Zoi 1 располага со 7 студиа, од кои 4 се двокреветни а 3 се трокреветни студиа. Секо студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири, мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (што не е класична кујна).

Студио број 1 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 2 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 3 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 4 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 5 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 9 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Студио број 11 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро

Ценовник

ТЕРМИНИ РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
22.05.2025-29.05.2025 110е
29.05.2025-05.06.2025 125е
05.06.2025-12.06.2025 145е
12.06.2025-19.06.2025 165e
19.06.2025-26.06.2025 185e
26.06.2025-03.07.2025 199e
03.07.3035-10.07.2025 219e
10.07.2025-17.07.2025 229e
17.07.2025-24.07.2025 229e
24.07.2025-31.07.2025 229e
31.07.2025-07.08.2025 239e
07.08.2025-14.08.2025 239e
14.08.2025-21.08.2025 239e
21.08.2025-28.08.2025 209e
28.08.2025-04.09.2025 189e
04.09.2025-11.09.2025 179e
11.09.2025-18.09.2025 149e
18.09.2025-25.09.2025 129e
25.09.2025-02.10.2025 110e

Услови и напомени

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице)

-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје

-Туристички пратител за време на патувањето

-Претставник од агенција за време на престојот

 

Што не е вклучено во цената

–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус

-Патничко осигурување

-Факултативни излети

-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето

-Доплата за туристичка такса, 14  евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

 

План и програма

Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

Првиот термин започнува од 22-ти мај, а последниот термин завршува на 2-ри октомври.

 

Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.

Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.

Поаѓање за Македонија секој четврток.

Важно

*ЗА ПРОМО ЦЕНИТЕ ВЕ МОЛИМЕ ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ОД НАШИОТ САЈТ

  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, i не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни.
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 14е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други

Лето 2025